ЗА ВАТО

Документ Опсег
Регистрација во ЦРМ
Лиценци Лиценца А за изведувач на градби на прва категорија , издадена од Министерство за транспорт и врски РСМ, број И.155/А со важност до 08.06.2023 година А интегрирана еколошка дозвола - Министерство за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија од 13.04.2017 година

Успешната приказна започна во далечната 2001 година кога е основано Друштвото за транспорт, градежништво и трговија ВАТО ДОО – Студеничани – Скопје.

Нашата дејност ја започнавме со само неколку камиони како товарни и транспортни средства и израснавме во градежен гигант.

Фундаменталната мотивација на основачите на Друштвото беше и остана упорноста како и квалитетното и навременото извршување на преземените и договорени работи со коминтентите кои во досегашното работење ги користеа услугите на Друштвото.

 Ваквиот вид на работење со посебна грижа кон своите комитенти доведе до перманентно успешно работење, пропратено со континиутет во финансиската стабилност, што пак доведе до планирање на понатамошниот развој, пред се во инвестиционите вложувања. 

Во текот на целиот период на своето постоење Друштвото перманентно инвестираше во основни средства директно потребни за обавување на неговата основна дејност – товарен патен транспорт. Правилното планирање во инвестициите – набавките на основните средства доведе до нивно квантитативно и квалитативно зголемување.

Градителите денес во светот претставуваат симбиоза на визионер, планер, економист и извршител во исто време.

За поефикасно извршување на работи Друштвото го обновуваше товарниот возен парк со паралелна набавка на дополнителни градежни машини кои ги опслужуваа транспортните средства директно на теренот каде што се изведуваа работите.

Со ваков вид на инвестиции се прошири обемот на работа и директно се намали зависноста од ангажирање на други извршители, пред се во припремата за транспортот – ископ и утовар во транспортни средства.

Денес Друштвото располага со модерни транспортнни средства и со комплетна градежна механизација за изведба на секаков вид нискоградба и високоградба како и лиценца А за изведба на градби од прва категорија издадена на 08.06.2016 година од Министерство за транспорт и врски на Р.Македонија.

Перманентниот развој во сверата на градежништвото Друштвото во периодот 2012-2015 година го заокружи со добивање на концесија за експллоатација на минерали – варовник на територијата на Општина Сопиште – локалитет Јаболци-Говрлево, а паралелно на истото инвестираше во Каменолом – дробење на варовник во соодветни гранулации како готов производ, со што се заокружи уште еден дел во комплетниот настап на пазарот на градежништво и услуги во истото. Капацитетот на Каменоломот е дневно производство од 360 тона готов производ.

Друштвото исто така инвестирашњ и се здоби со своја  асвалтна база во 2016 година со капацитет од 160т/h, која  е лоцирана на локалитетот Јаболци – Говрлево до постоечки Каменолом  и со самото тоа сега имаме нов сопствен готов производ – асфалт што му овозможува на Друштвото поголема конкурентност и еластичност во давање на понуди кон инвеститорите во изведба на нискоградба – патишта и улици. Асфалтната база работи според сите законски стандарди и поседува А интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија од 13.04.2017 година.

Денес Друштвото брои повеќе од 60 (шеесет) вработени, оператива и високо професионалел и компетентен кадар кои брзо и лесно одговараат на  тековните обврски и предизвици на пазарот на нашата дејност.

ВНАТРЕШНИ И НАДВОРЕШНИ УСЛОВИ

Внатрешни услови: долгодишното искуство, стучниот кадар, современа опрема и инфраструктура, целите за развој, следење на новите технологии со набавка на модерна опрема и средства, инвестирање во обука на вработените за нивно стручно усовршување.

Надворешни услови: работа во услови на пандемија, прилагодување кон цените на конкуренцијата, политичките услови, економскиот развој на државата, изнаоѓање на соодветна стручна работна сила, растот на цените на репроматеријалите и исполнување на законските барања.

СЕДИШТЕ И КОНТАКТ

  • ул.4 бр.19 Батинци
  • тел: 02/2722-210
  • е-маил: vato_doo@hotmai.com
  • web: www.vato.mk

ИСКЛУЧУВАЊА

Во системот за управување со квалитет не е применливо барањето 8.3 Проектирање и развој

ВАТО ДОО СКОПЈЕе организација која е целосно посветена на примена на квалитетот како систем на работа. Уште од самиот почеток на работењето е во потрага за нови решенија во областа на градежништвото. Високиот степен на системот за управување со квалитет, животна средина , безбедност и здравје при работа е темел на работењето и постојаното унапредување на организацијата.

Примарна цел на организацијата е да ги задоволи потребите на клиентите и нивните очекувања преку нудење квалитетни производи и услуги. Системот за управување со квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работаконтинуирано се надгледува и унапредува со цел да бидат исполнети политиката и целите на организацијата.

Целите на ВАТО ДОО СКОПЈЕсе:

  • Континуирано подобрување, контрола и следење на квалитетот на услугите во согласност со очекувањата на нашите клиенти, законските барања и светските трендови во градежништвото,
  • Заштита на работната околина и чување на ресурсите и инвестициите на најдобар можен начин,
  • Континуирана соработка со добавувачите, клиентите и подизведувачите и почитување на пропишаните светски стандарди за квалитет на материјалите кои се користат за изведба на објектите,
  • Поставување и остварување на високи цели и стандарди кои позитивно ќе се одразат на имиџот на компанијата,
  • Исполнување на барањата на Законската регулатива,
  • Креирање на деловен систем за квалитет ориентиран кон пазарот и клиентите,
  • Прилагодување и анализирање на потребите на пазарот со цел да се подобри и зацврсти имиџот на фирмата,
  • Превземање на корективни мерки за постојано унапредување на квалитетот на услугите,
  • Идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои што може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот,
  • Континуирана обука и едукација на вработените како основна потпора на системот за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа,
  • Минимизирање на испуштањето на отпадни материи во околината и емисии во воздухот, со контрола на загадувањето, и каде што е можно намалување, рециклирање и повторно искористување на отпадот,
  • Континуирана соработка со надлежните организации и институции за заштита, унапредување и развој на животната средина,
  • Развој на нови технологии на градење согласно највисоките светски стандарди кои го минимизираат негативното влијание на животната средина,
  • Политика на нашата фирма е работата да се извршува на најбезбеден начин согласно светките стандарди кои се применуваат во градежништвото,
  • Идентификување на секоја потенцијална опасност по безбедноста на работниците,
  • Постојана посветеност на нашиот тим кој е задолжен за безбедноста за следење на сите процеси во работењето на местото каде се изведуваат работите,
  • Се залагаме за редовни контроли за идентификување на било какви недостатоци во безбедноста на работењето и елиминирање на било каква потенцијална незгода,
  • Одржување и континуирано подобрување на воспоставените системите за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа, според барањата на меѓународните норми ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018.

Највисокото раководство на ВАТО ја прифаќа обврската за воспоставување и спроведување на систем за квалитет, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа и постојано подобрување на неговата ефективност.

Прифаќањето на наведените обврски највисокото раководство на ВАТО демонстрира со тоа што:

  • Утврдува подрачје на примена на системот.
  • На вработените им ги соопштува значењето од исполнување на барањата на корисниците како  и  на  барањата  на  важечките  закони   и   прописи   и  технички стандарди.
  • Воспоставува политика за квалитет, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа
  • Обезбедува, врз основа на политиката, воспоставување на цели за квалитет, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа

Периодично  спроведува  преиспитување   на  ситемот    заради   обезбедување   негова постојана погодност, адекватност и ефективност. Преиспитувањето кое го извршува раководството опфаќа   вреднување   на   моменталните перформанси   на   системот.

Заинтересирани страни се нашите клиенти, подизведувачи, овластени компании, локалната самоуправа, надлежните институции и министерства и нашите вработени, за кои сме секогаш отворени за дијалог во усогласување на сите нивни барања. Нашите барања и очекувања од заинтресираните страни се:

  • клиентите: да склучат договори со нас и навремено да ги подмират своите обврски.
  • добавувачите: навремено и квалитетно да ја извршат работата за која се ангажирани.
  • надлежните институции: да ни издадат документи потребни за дејноста.
  • нашите вработени: да се придржуваат до правилата и процедурите на работа.

Преглед на заитересираните страни:

Назив Очекуван влез од заинтересираната  страна во ВАТО и МИС ВАТО Контакт податоци
Министерство за транспорт и врски Издавање на лиценца за изведба на објекти од прва категорија и добивање на тендери за изведба

Даме Груев 6, 1000 Скопје, Република Македонија

Тел: (0)2 3145 497

Факс (0)2 3126 228

E-mail:info@mtc.gov.mk

Министерство за животна средина и просторно планирање Издавање наA интегрирана еколошка дозвола и следење на законска регулатива за управување со отпад

 

ПлоштадПресвета Богородица бр.3 Скопје

Email: infoeko@moepp.gov.mk

Тел: 02 3225 237

Градежен Институт Македонија Сертификација на каменолом Дрезденска 52, Скопје, Македонија

тел  02 30 66 816

info@gim.com.mk

www.gim.com.mk

Контрол Груп Сертификација на ИСО стандарди Ул. Мајаковски бр.31,Скопје, Македонија

e-mail:dragan81@gmail.com
тел.071 262 479

 

Т- Церт Систем

ТУВ НОРД

Сертификација на систем за управување со квалитет ИСО 9001:2015, животна средина ИСО 14001:2015, управување со безбедност и здравје при работа ИСО 45001:2018 Ул. 11-ти Октомври бр.52А/5 100 Скопје,

e-mail: office@tuv.mk

тел: 071-296-290

Град Скопје Добивање на тендери за изведба на улици и булевари, сообраќајни решенија при изведба бул. “Илинден“ бр. 82 Скопје
e-mail: gradonacalnik@skopje.gov.mk
kabinet@skopje.gov.mk
тел: 02/3297 204
факс: 02/3165 445
Општина Сопиште Добивање на тендери за изведба на улици, договор за чистење на отпад Ул.2 бр.2 Сопшите, Скопје, Македонија
тел.02 2785100
info@opstinasopiste.gov.mk 
Општина Студеничани Добивање на тендери за изведба на улици Ул.1 бр.117 Студеничани, Скопје, Македонија
тел.02 2724005studenicani@studenicani.gov.mk 
Улици и Патишта Добивање на тендери набавка на материјали,градежни работи и  изведба на градежни работи Ул.Коле Неделковски бр.38 Скопје, Македонија

Тел.3162317

info@ujp.gov.mk

Општина Петровец Добивање на тендери за изведба на улици Ул.1 б.б Петровец, Скопје, Македонија
тел.02 2562239opstinapetrovec@yahoo.com

Раководството го утврдува процесот на интерна комуникација по прашање на ефективноста на системот како начин за остварување на ангажираност на вработените за постојано подобрување на перформансите на организацијата.

Интерната комуникација во рамките на системот се одвива во две насоки:

  • Раководството ја соопштува на вработените Политиката и целите за квалитет, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работата и барањата на корисниците и важечките закони и прописи, спецификации на процесите, спецификации на услугите и спецификации на контрола на услугите, како и упатства како да се спроведува системот. Информациите се соопштуваат преку документите на системот утрврдени во Списокот на процедури и записи.
  • Вработените ги соопштуваат на раководството податоците и информациите за потребите и очекувањата на корисниците, задоволството на корисниците, перформансите на квалитетот, ефективноста на системот и можностите за подобрување. Овие информации се соопштуваат на раководство во рамките на активностите за преиспитување кое го извршува раководството на начин утврден со процедурата ПР-930-101.01 – Преиспитување кое го извршува раководството.

Раководство на ВАТО го преиспитува системот во утврдени интервали заради:

  • Обезбедување на негова постојана соодветност, адекватност и ефективност;
  • Вреднување на можностите за подобрување на перформансите на процесите и производите;
  • Разгледување на измените на системот, политиката и целите.

Со состаноците на кои се преиспитува системот претседава Управителот на ВАТО.

Преиспитување на системот се спроведува најмалку еднаш годишно или по потреба (измени во организацијата,  интерни проверки и околности кои бараат зголемен ангажман на највисокото раководство).

Спроведувањето и начинот на документирање на преиспитувањата утврдени се во процедурата ПР-930-101.01 – Преиспитување кое го извршува раководството.

Раководството  на ВАТО ги  идентификува  и обезбедува ресурсите потребни за:

  • Спроведување и   одржување  на  системот и ресурсите  потребни   за   постојано подобрување на неговата ефективност;
  • Зголемување на задоволството на корисниците и исполнување на нивните барања.

За утврдување на потребите и барањата за ресурси потребни за спроведување и одржување на системот и постојано подобрување на неговата ефективност одговорен е Претставникот на раководството во соработка со раководителите на функциите одговорни за поедините процеси во рамките на компанијата.

За утврдување на потребата и барањата за ресурси потребни за зголемување на задоволството на корисниците и исполнување на нивните барања одговорен е управителот во соработка со раководителите на функциите релевантни за поедините аспекти за задоволство на корисниците .

Утврдување на ресурсите се спроведува во текот на утврдувањето на процесите на системот.

Соопштување и преиспитување на барањата за ресурси како и утврдување на ресурсите се спроведува во рамките на активностите за преиспитување кои ги извршува раководството на начин утврден со процедурата ПР-930-101.01 Преиспитување кое го извршува раководството. Сите мерки кои претставуваат излези од преиспитувањето кое го извршува раководството мораат да бидат поддржани со утврдување на ресурсите потребни за нивно спроведување. Највисокото раководство утврдува овластувања и одговорности за набавка на потребните ресурси во рамките на активноста на набавка.

8.1. Човечки ресурси

Сите вработени кои извршуваат активности кои влијаат на квалитетот на услугите се компетентни врз основа на соодветното образование, стручното оспособување, вештините, стручноста и искуството.

Потребната компетентност е утврдена преку усвоената систематизација во која се дефинирани работи и работни задачи за секое работно место. За одредени работни задачи за кои е потребна специфична стручност се остваруваат низ обука на персоналот.

ВАТО спроведува стручно оспособување или други мерки заради усогласување со утврдените барања за компетентност на вработените односно за нејзино постојано подобрување.

Претставникот на раководството е одговорен за утврдување на потребите за стручно оспособување и воспоставување на програмата за промовирање на свеста за значењето на барањата на корисниците, во рамките на целата организација.

Раководителите на функции се одговорни за утврдување на потребите за стручно оспособување како и за воспоставување на програми за стручно оспособување во функциите за кои се одговорни. Овие програми се ускладени со процесите кои се спроведуваат во рамките на функциите со цел:

  • Создавање свест за релевантноста и значењето на активностите кои ги извршуваат
    и сопствениот придонес за остварување на целите на ВАТО.
  • Подигање  на нивото  на стручност во управувањето со опремата  и  процесите,
    спроведување на соодветни контроли и испитувања, користење на статистички и
    други методи за анализа на податоците односно постојаното подобрување.

Претставникот на раководството во соработка со раководителите на функциите ги утврдува потребите за стручно оспособување во рамките на процесите за спроведување на корективни мерки.

Процесот на стручно оспособување вклучува и вреднување на неговата ефективност.

Детали за овластувањата и одговорностите и начинот на планирање, спроведување, вреднување и преиспитување како и за соодветните записи за стручното оспособување, образование, стручноста и искуството на вработените утврдени се со  ПР-716-101.01 Обука.

Раководството на ВАТО периодично ги преиспитуваа резултатите на стручното оспособување и предлага потребни подобрувања.

8.2. Инфраструктура

ВАТО ја има утврдено и обезбедено целата потребна инфраструктура, потребна за остварување на усогласеност на услугите со утврдените барања. Под инфраструктура се подразбира:

  • Згради, работен и канцелариски простор, складишта;
  • Опрема за работа, хардвер, софтвер;
  • Интерен и екстерен транспорт и комуникациски средства.

ВАТО има обезбедено одржување на инфраструктурата за обезбедување на способноста да ги исполни  потребите за усогласеност на услугите со утврдените барања.

8.3. Работна средина

ВАТО ги има обезбедено условите по однос на просторот и условите за вршење на дејноста и има изготвено Изјава за безбедност при работа со проценка на професионлни ризици на работното место, согласно барањата од Законот на безбедост и здравје при работа.

Директорот на ВАТО, е одговорен за управување со работната средина во согласност со законската регулатива (според деловните потреби на компанијата/ процесите/ услугите…), заради постигнување оптимални работни услови, спречување односно контрола над можните последици кои се остваруваат во меѓусебните контакти на вработените и работната средина, а кои можат штетно да влијаат на перформансите за квалитет на производот/услугата, вработените и работната средина.

ВАТО дава осебено значение на општествената одговорност, заштитата на животна средината и безбедноста и здравјето при работа. Основните начела за таа цел се забрана за дискриминација, дефинирање на работно време и прекувремена работа, кодекс на однесување, задолжување на вработените со соодветна заштитна облека, управување со отпадот, намалување на влијанијата на животна средината, свесност за безбедноста и здравјето при работа на нашите вработени и подизведувачи, како би ги исполниле законските барања и би придонесле за зголемување на задоволството на вработените, клиентите и пошироката заедница во која делуваме.