ЗА МИС ВАТО

Документ Опсег
Регистрација во ЦРМ 08.07.2015
Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина варовник – Влада на Р.М 29.12.2011 24-10343/1
Дозвола за експлоатација – Министерство за економија 16.07.2013 24-2624/3
Б интегрирана еколошка дозвола – Општина Сопиште 15.02.2017 08-332/2

Успешната приказна започна во далечната 2005 година кога е основано Друштвото за градежништво, трговија, производство и улуги МИС ВАТО ДООЕЛ – Батинци, Студеничани – Скопје.

Нашата дејност ја започнавме со само неколку камиони како товарни и транспортни средства и израснавме во градежен – производствен гигант .

Фундаменталната мотивација на основачот на Друштвото беше и остана упорноста како и квалитетното и навременото извршување на преземените и договорени работи со коминтентите кои во досегашното работење ги користеа услугите на Друштвото.

Ваквиот вид на работење со посебна грижа кон своите комитенти доведе до перманентно успешно работење, пропратено со континиутет во финансиската стабилност, што пак доведе до планирање на понатамошниот развој, пред се во инвестиционите вложувања. 

Во текот на целиот период на своето постоење Друштвото перманентно инвестираше во основни средства директно потребни за обавување на неговата основна дејност – товарен патен транспорт. Правилното планирање во инвестициите – набавките на основните средства доведе до нивно квантитативно и квалитативно зголемување.

Посебно треба да се напомене дека во 2011 година Друштвото со Министерството за економија на Република Северна Македонија склучи Договор за концесија за експлоатација на камен во атарот на село Јаболци – Говрлево – Општина Сопиште – Скопје, и во 2013 година Друштвото постави основа за набавка на  статична дробилка за дробење на камен со поставување на сопствена трафостаница – обезбедување на струја за Статичната дробилка за камен која е набавена во 2014 година  за да се добијат соодветни фракции на камен за градежништво во високоградба и нискоградба, како и соодветен тампон за нискоградба за изведба на улици и патишта.

Со отпочнување на работа на Дробилицата за камен се промени и структурата  и висината на годишните приходи кои Друштвото ги остваруваше до  набавката на истата, па така основната дејност на Друштвото се промени во 2016 година со назив Друштвото за градежништво, трговија, производство и улуги МИС ВАТО ДООЕЛ Батинци, Студеничани Подружница МИС ВАТО КАМЕНОЛОМ Јаболци Говрлево Јаболци, Сопиште со приоритетна дејност 08.11.

Градителите – Производителите на градежни материјали денес во светот претставуваат симбиоза на визионер, планер, економист и извршител во исто време.

За поефикасно извршување на работи Друштвото го обновуваше товарниот возен парк со паралелна набавка на дополнителни градежни машини кои ја опслужуваат Статичната дробилка за камен , а транспортните средства се користат за интерен транспорт на недробен камен од експлоатационото поле до Дробилицата, транспорт на готови фракции во плацот околу Дробилицата, како и транспорт на фракции – тампон на Купувачи до местото на употреба – користење.

Денес Друштвото располага со модерна и комплетна градежна механизација.

Перманентниот развој во сверата на градежништвото Друштвото во периодот 2012-2015 година го заокружи со добивање на дозвола за екплоатација  на минерали – варовник на територијата на Општина Сопиште – локалитет Јаболци-Говрлево, а паралелно на истото инвестираше во Каменолом – дробење на варовник во соодветни гранулации како готов производ, со што се заокружи уште еден дел во комплетниот настап на пазарот на градежништво и услуги во истото. Капацитетот на Каменоломот е дневно производство од 360 тона готов производ.

Во 2017 година, Друштвото се стекна со Б – Интегрирана еколошка дозвола со број на дозвола 08-322/2  на 15.02.2017 од страна на Општина Сопиште.

ВНАТРЕШНИ И НАДВОРЕШНИ УСЛОВИ

Внатрешни услови: долгодишното искуство, стучниот кадар, современа опрема и инфраструктура, целите за развој, следење на новите технологии со набавка на модерна опрема и средства, инвестирање во обука на вработените за нивно стручно усовршување.

Надворешни услови: работа во услови на пандемија, прилагодување кон цените на конкуренцијата, политичките услови, економскиот развој на државата, изнаоѓање на соодветна стручна работна сила, растот на цените на репроматеријалите и исполнување на законските барања.

СЕДИШТЕ И КОНТАКТ

  • ул.3 бр.19 Батинци
  • тел: 02/2722-210
  • е-маил: mis_vato@hotmail.com
  • web: www.vato.mk

ИСКЛУЧУВАЊА

Во системот за управување со квалитет не е применливо барањето 8.3 Проектирање и развој

МИС ВАТО ДООЕЛ СКОПЈЕ е организација која е целосно посветена на примена на квалитетот како систем на работа. Уште од самиот почеток на работењето е во потрага за нови решенија во областа на градежништвото. Високиот степен на системот за управување со квалитет, животна средина , безбедност и здравје при работа е темел на работењето и постојаното унапредување на организацијата.

Примарна цел на организацијата е да ги задоволи потребите на клиентите и нивните очекувања преку нудење квалитетни производи и услуги. Системот за управување со квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работаконтинуирано се надгледува и унапредува со цел да бидат исполнети политиката и целите на организацијата.

Целите на МИС ВАТО ДООЕЛ СКОПЈЕ се:

  • Континуирано подобрување, контрола и следење на квалитетот на услугите во согласност со очекувањата на нашите клиенти, законските барања и светските трендови во градежништвото,
  • Заштита на работната околина и чување на ресурсите и инвестициите на најдобар можен начин,
  • Континуирана соработка со добавувачите, клиентите и подизведувачите и почитување на пропишаните светски стандарди за квалитет на материјалите кои се користат за изведба на објектите,
  • Поставување и остварување на високи цели и стандарди кои позитивно ќе се одразат на имиџот на компанијата,
  • Исполнување на барањата на Законската регулатива,
  • Креирање на деловен систем за квалитет ориентиран кон пазарот и клиентите,
  • Прилагодување и анализирање на потребите на пазарот со цел да се подобри и зацврсти имиџот на фирмата,
  • Превземање на корективни мерки за постојано унапредување на квалитетот на услугите,
  • Идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои што може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот,
  • Континуирана обука и едукација на вработените како основна потпора на системот за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа,
  • Минимизирање на испуштањето на отпадни материи во околината и емисии во воздухот, со контрола на загадувањето, и каде што е можно намалување, рециклирање и повторно искористување на отпадот,
  • Континуирана соработка со надлежните организации и институции за заштита, унапредување и развој на животната средина,
  • Развој на нови технологии на градење согласно највисоките светски стандарди кои го минимизираат негативното влијание на животната средина,
  • Политика на нашата фирма е работата да се извршува на најбезбеден начин согласно светките стандарди кои се применуваат во градежништвото,
  • Идентификување на секоја потенцијална опасност по безбедноста на работниците,
  • Постојана посветеност на нашиот тим кој е задолжен за безбедноста за следење на сите процеси во работењето на местото каде се изведуваат работите,
  • Се залагаме за редовни контроли за идентификување на било какви недостатоци во безбедноста на работењето и елиминирање на било каква потенцијална незгода,
  • Одржување и континуирано подобрување на воспоставените системите за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа, според барањата на меѓународните норми ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018.

Највисокото раководство на МИС ВАТО ја прифаќа обврската за воспоставување и спроведување на систем за квалитет, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа и постојано подобрување на неговата ефективност.

Прифаќањето на наведените обврски највисокото раководство на МИС ВАТО демонстрира со тоа што:

  • Утврдува подрачје на примена на системот.
  • На вработените им ги соопштува значењето од исполнување на барањата на корисниците како  и  на  барањата  на  важечките  закони   и   прописи   и  технички стандарди.
  • Воспоставува политика за квалитет, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа
  • Обезбедува, врз основа на политиката, воспоставување на цели за квалитет, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа

Периодично  спроведува  преиспитување   на  ситемот    заради   обезбедување   негова постојана погодност, адекватност и ефективност. Преиспитувањето кое го извршува раководството   опфаќа   вреднување   на   моменталните перформанси   на   системот и утврдување.

 Заинтересирани страни се нашите клиенти, подизведувачи, овластени компании, локалната самоуправа, надлежните институции и министерства и нашите вработени, за кои сме секогаш отворени за дијалог во усогласување на сите нивни барања. Нашите барања и очекувања од заинтресираните страни се:

  • клиентите: да склучат договори со нас и навремено да ги подмират своите обврски.
  • добавувачите: навремено и квалитетно да ја извршат работата за која се ангажирани.
  • надлежните институции: да ни издадат документи потребни за дејноста.
  • нашите вработени: да се придржуваат до правилата и процедурите на работа.

Преглед на заитересираните страни:

Назив Очекуван влез од заинтересираната  страна во  МИС ВАТО Контакт податоци
РМК Градба Набавка и транспорт на минерални суровини

Цветово ул.4  бр.10, Студеничани  Скопје

 

Тел: 078233925

E-mail:rmkgradba@yahoo.com

Општина Сопиште Издавање на Б интегрирана еколошка дозвола ул.2 бр.2 1054 Сопиште

 

Е-маил: info@opstinasopiste.gov.mk

Тел:02-2785-100

Градежен Институт Македонија Сертификација на каменолом ул.Дрезденска 52, Скопје

тел  02 30 66 816

info@gim.com.mk

www.gim.com.mk

Контрол Груп Сертификација на ИСО стандарди Ул. Мајаковски бр.31,Скопје

e-mail: dragan81@gmail.com
тел.071 262 479

 

 Еуро Мим

Набавка и транспорт на минерални суровини Ул.5 село Морани, Скопје
тел.070 386 441
e-mail:
Јавно претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта Набавка и транспорт на минерални суровини Уп. Даме Груев бр.14 Скопје
e-mail: contact@makedonijapat.com.mk
тел: 02/3138 724
факс: 02/3138 736
ЈП Депонија Дрисла Набавка и транспорт на минерални суровини Батинци, Студеничани,
тел.02 2722 500
E-mail:drisla@drisla.mk 
Мемедовски Компани Набавка и транспорт на минерални суровини Пат за Батинци бр.72,
тел.075 431 857E-mailmemedovskikompani@gmail.com
Елинг Доо Набавка и транспорт на минерални суровини Бул. Србија бр. 13 Скопје

Тел.02 2770 500

E-mail:natasaeling@t.mk

Циглана Градец Набавка и транспорт на минерални суровини Визбегово, Качанички пат  
тел.070 326 046E-mail:cigllanagradec@gmail.com

Раководството го утврдува процесот на интерна комуникација по прашање на ефективноста на системот како начин за остварување на ангажираност на вработените за постојано подобрување на перформансите на организацијата.

Интерната комуникација во рамките на системот се одвива во две насоки:

  • Раководството ја соопштува на вработените Политиката и целите за квалитет, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работата и барањата на корисниците и важечките закони и прописи, спецификации на процесите, спецификации на услугите и спецификации на контрола на услугите, како и упатства како да се спроведува системот. Информациите се соопштуваат преку документите на системот утрврдени во Списокот на процедури и записи.
  • Вработените ги соопштуваат на раководството податоците и информациите за потребите и очекувањата на корисниците, задоволството на корисниците, перформансите на квалитетот, ефективноста на системот и можностите за подобрување. Овие информации се соопштуваат на раководство во рамките на активностите за преиспитување кое го извршува раководството на начин утврден со процедурата ПР-930-101.01 – Преиспитување кое го извршува раководството.

Раководство на  MИС ВАТО го преиспитува системот во утврдени интервали заради:

  • Обезбедување на негова постојана соодветност, адекватност и ефективност;
  • Вреднување на можностите за подобрување на перформансите на процесите и производите;
  • Разгледување на измените на системот, политиката и целите.

Со состаноците на кои се преиспитува системот претседава Управителот на МИС ВАТО.

Преиспитување на системот се спроведува најмалку еднаш годишно или по потреба (измени во организацијата,  интерни проверки и околности кои бараат зголемен ангажман на највисокото раководство).

Спроведувањето и начинот на документирање на преиспитувањата утврдени се во процедурата ПР-930-101.01 – Преиспитување кое го извршува раководството.

Раководството  на МИС  ВАТО ги  идентификува  и обезбедува ресурсите потребни за:

  • Спроведување и   одржување  на  системот и ресурсите  потребни   за   постојано подобрување на неговата ефективност;
  • Зголемување на задоволството на корисниците и исполнување на нивните барања.

За утврдување на потребите и барањата за ресурси потребни за спроведување и одржување на системот и постојано подобрување на неговата ефективност одговорен е Претставникот на раководството во соработка со раководителите на функциите одговорни за поедините процеси во рамките на компанијата.

За утврдување на потребата и барањата за ресурси потребни за зголемување на задоволството на корисниците и исполнување на нивните барања одговорен е управителот во соработка со раководителите на функциите релевантни за поедините аспекти за задоволство на корисниците .

Утврдување на ресурсите се спроведува во текот на утврдувањето на процесите на системот.

Соопштување и преиспитување на барањата за ресурси како и утврдување на ресурсите се спроведува во рамките на активностите за преиспитување кои ги извршува раководството на начин утврден со процедурата ПР-930-101.01 Преиспитување кое го извршува раководството. Сите мерки кои претставуваат излези од преиспитувањето кое го извршува раководството мораат да бидат поддржани со утврдување на ресурсите потребни за нивно спроведување. Највисокото раководство утврдува овластувања и одговорности за набавка на потребните ресурси во рамките на активноста на набавка.

8.1. Човечки ресурси

Сите вработени кои извршуваат активности кои влијаат на квалитетот на услугите се компетентни врз основа на соодветното образование, стручното оспособување, вештините, стручноста и искуството.

Потребната компетентност е утврдена преку усвоената систематизација во која се дефинирани работи и работни задачи за секое работно место. За одредени работни задачи за кои е потребна специфична стручност се остваруваат низ обука на персоналот.

ВАТО спроведува стручно оспособување или други мерки заради усогласување со утврдените барања за компетентност на вработените односно за нејзино постојано подобрување.

Претставникот на раководството е одговорен за утврдување на потребите за стручно оспособување и воспоставување на програмата за промовирање на свеста за значењето на барањата на корисниците, во рамките на целата организација.

Раководителите на функции се одговорни за утврдување на потребите за стручно оспособување како и за воспоставување на програми за стручно оспособување во функциите за кои се одговорни. Овие програми се ускладени со процесите кои се спроведуваат во рамките на функциите со цел:

  • Создавање свест за релевантноста и значењето на активностите кои ги извршуваат
    и сопствениот придонес за остварување на целите на МИС ВАТО.
  • Подигање  на нивото  на стручност во управувањето со опремата  и  процесите,
    спроведување на соодветни контроли и испитувања, користење на статистички и
    други методи за анализа на податоците односно постојаното подобрување.

Претставникот на раководството во соработка со раководителите на функциите ги утврдува потребите за стручно оспособување во рамките на процесите за спроведување на корективни мерки.

Процесот на стручно оспособување вклучува и вреднување на неговата ефективност.

Детали за овластувањата и одговорностите и начинот на планирање, спроведување, вреднување и преиспитување како и за соодветните записи за стручното оспособување, образование, стручноста и искуството на вработените утврдени се со  ПР-716-101.01 Обука.

Раководството на МИС ВАТО периодично ги преиспитуваа резултатите на стручното оспособување и предлага потребни подобрувања.

8.2. Инфраструктура

ВАТО ја има утврдено и обезбедено целата потребна инфраструктура, потребна за остварување на усогласеност на услугите со утврдените барања. Под инфраструктура се подразбира:

  • Згради, работен и канцелариски простор, складишта;
  • Опрема за работа, хардвер, софтвер;
  • Интерен и екстерен транспорт и комуникациски средства.

ВАТО има обезбедено одржување на инфраструктурата за обезбедување на способноста да ги исполни  потребите за усогласеност на услугите со утврдените барања.

8.3. Работна средина

МИС ВАТО ги има обезбедено условите по однос на просторот и условите за вршење на дејноста и има изготвено Изјава за безбедност при работа со проценка на професионлни ризици на работното место, согласно барањата од Законот на безбедост и здравје при работа.

Директорот на МИС ВАТО, е одговорен за управување со работната средина во согласност со законската регулатива (според деловните потреби на компанијата/ процесите/ услугите…), заради постигнување оптимални работни услови, спречување односно контрола над можните последици кои се остваруваат во меѓусебните контакти на вработените и работната средина, а кои можат штетно да влијаат на перформансите за квалитет на производот/услугата, вработените и работната средина.

МИС ВАТО дава осебено значение на општествената одговорност, заштитата на животна средината и безбедноста и здравјето при работа. Основните начела за таа цел се забрана за дискриминација, дефинирање на работно време и прекувремена работа, кодекс на однесување, задолжување на вработените со соодветна заштитна облека, управување со отпадот, намалување на влијанијата на животна средината, свесност за безбедноста и здравјето при работа на нашите вработени и подизведувачи, како би ги исполниле законските барања и би придонесле за зголемување на задоволството на вработените, клиентите и пошироката заедница во која делуваме.